Секој понеделник точно на полноќ!
Стерео Љубов! Секој понеделник од 00:00 до 02:00 по полноќ испратете ги вашите љубовни смс пораки во живо! Заедно со Ненад!
1. Не е секој весел кога се смее. Сонцето секогаш сјае, но не секогаш грее!
♥ КАТЕ ♥
2. Сега седам сама, во мислите си ми ти. Ах, да знаеш само колку ми недостасуваш. Без тебе сум никој и ништо. Твојата насмевка ми треба за да го дочекам утрешниот ден. Моите солзи исчезнуваат во оваа тишина. Ти посакувам да бидеш среќен и покрај сè затоа што мојата љубов е посилна од сè. Те молам само никогаш не заборавај ме. Тоа ќе ме боли најмногу!
♥ АНЕ ♥
3. Додека постои сонот – ќе те сонувам. Додека сјае сонцето – моите очи ќе се радуваат на твојата убавина. Додека свети месечината – ќе се радувам на твојата љубов. Додека треперат ѕвездите – моето тело ќе трепери од твоите бакнежи и милувања. Додека постои небото – ќе биде сведок на нашата љубов. Додека чука моето срце – ќе чука само за тебе ТАМАРА!
♥ ФИЦКА ♥
4. Полека гаснат светилките и доаѓаат безсоните часови. Ноќта го има твојот лик, а ветерот кој раскажува за љубовта се насмевнува како тебе! Те Сакам БОЈАНА!
♥ АНДРЕЈ ♥
5. Чекајќи ја иднината, мислејќи на минатот поминува сегашноста. Животот живеј го, среќата чувај ја, а љубовта чувствувај ја!
♥ ВЕСНА ♥
6. Далечината нè одвојува ама љубовта нè спојува. Иако ми е тешко без тебе, тешко ми е и без твојата прегратка! Те Сакам ЈУЛИЈА!
♥ МАРТИН ♥